
Баерн Минхен и официјално го потврди трансферот на дефанзивецот на Штутгарт, Хироки Ито. Ова се случи откако Баварците ја активираа ослободителната клаузула во договорот на јапонскиот интернационалец која беше во висина од 30 милиони евра. 25-годишниот фудбалер потпиша договор со Баерн до 30 јуни 2028.
Централниот дефанзивец е првото засилување за Баварците откако тимот го презеде новиот тренер Винсент Компани.
„За мене е голема чест што можам да играм за еден од најголемите клубови во светот. Баерн е исто така големо име во Јапонија. Секогаш давав максимум за Штутгарт и благодарен сум на клубот. Сега се радувам на предизвикот во Минхен и сакам да ја одиграм мојата улога во освојувањето на многу трофеи. Време беше да се направи нов чекор и за мене Баерн е совршен клуб за тоа“, изјави Ито за веб-страницата на Баерн.
За три сезони во Штутгарт, Јапонецот одигра 97 натпревари за „швабите“, постигнувајќи два гола. За репрезентацијата има 19 натпревари и еден постигнат гол.
Willkommen in München, Hiroki #Ito! 👋🔴⚪#ServusHiroki #MiaSanMia pic.twitter.com/WvHhsHaLqW
— FC Bayern München (@FCBayern) June 13, 2024

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
