
Голманот Ристе Јанков, кој влезе на местото на повредениот Дамјан Шишковски во второто полувреме, успеа да одбрани пенал во 97.минута од мечот и го спаси Работнички од пораз (0-0) во градското дерби против лидерот Вардар. Христијан Пецов играше со рака во шеснаесетникот, беше досуден пенал во судиското продолжение, Дарко Мицевски го изведе пеналот, а Јанков успеа да одбрани. Без голови заврши и вториот денешен меч, Струга Трим Лум – Силекс.
Најубавата шанса за Вардар во првото полувреме ја имаше Јован Попзлатанов. Излезе сам пред голманот на Работнички, но Шишковски спаси.
Во вториот дел, Дарко Мицевски и Матеј Цветановски се заканија со удари од далечина, а при една интервенција се повреди Дамјан Шишковски и мораше да биде заменет. Местото на голот го зазеде Ристе Јанков, кој во 97.минута успеа да одбрани пенал.
Христијан Пецов играше со рака во шеснаесетникот, судијата Јосип Бартон покажа на белата точка, а изведувач беше Дарко Мицевски. Шутираше силно, но Ристе Јанков го обрани неговиот удар и го спаси Работнички од пораз.
Струга Трим Лум и Силекс исто така ремизираа без голови. Кратовци ја стигнаа Шкендија со 32 бода на третата позиција на табелата, а Струга ТЛ се наоѓа на седмото место со 25 бода.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Саудиска Арабија ќе сфати дека фудбал не се прави само со пари
Саудиска Арабија е богата со пари и амбиции. Престолонаследникот Мохамед бин Салман вели дека...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Не е до менталитетот, до квалитетот е!
Македонија имаше водство од 2-0 против Украина и, според зборовите на Барди, играше како...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Интер го „мерка“ голманот на Наполи

Евро-фудбал
Клоп: Претстои најтешкиот период од сезоната

Евро-фудбал
Белингам неизвесен за мечот со Гранада

Евро-фудбал
Влаховиќ: Сакам да останам во Јувентус

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Ѓорѓи Мојсов
