Хрватскиот клуб Хајдук Сплит го именува Боро Приморац за нов шеф на стручниот штаб. Тој ќе биде нов тренер на младинскиот репрезентативец Јани Атанасов. Доаѓа на местото на Хари Вукас кој е сменет по негативните резултати на „билите“ во изминатиот период.
Боро Приморац е еден од легендарните играчи на Хајдук кој најголем дел од тренерската кариера ја мина во Арсенал како асистент на Арсен Венгер. Како главен тренер ги водеше француските Кан и Валенсиен, селекцијата на Гвинеја Бисау, а исто така работеше со Венгер и во Нагоја Грампус Ејт.
Тој е стрелец на првиот официјален погодок на стадионот „Пољуд“. Во играчката кариера настапуваше за Вележ, Хајдук, Лил и за Кан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













