Фудбалерот од средниот ред на Хајдук Сплит, Јани Атанасов, доби повик од селекторот Благоја Милевски да биде дел од А – репрезентацијата на Македонија за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство.
Поранешниот капитен на Македонија до 21 година добива шанса да биде дел од најдобриот национален состав откако стана извесно дека Аријан Адеми од Динамо Загреб нема да може да се стави на располагање на тимот за натпреварите против Ерменија (2. септември), Исланд (5. септември) и Романија (8. септември). Неизвесно е доаѓањето и на Бобан Николов од Шериф Тираспол.
Соочени со неможноста на Адеми поради здравствени причини да му се приклучи на тимот и неизвесноста со евентуалното доаѓање на Николов, стручниот штаб во А репрезентацијата прати дополнителен повик до Јани Атанасов, фудбалер кој игра на позицијата на Адеми и со своите играчки карактеристики е најблиску до тоа што евентуално би ни било потребно.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski