
Ламин Јамал, најдобриот млад фудбалер на неодамна завршеното Европско првенство, бара зголемување на платата во Барселона.
Јамал, кој на шампионатот на континентот за Шпанија постигна еден гол и забележа четири асистенции, би можел во иднина значително да ја чини Барселона.
Според каталонски „Спорт“, неговиот агент, Жорге Мендеш, побарал одредени корекции во договорот.
Мендеш и неговиот клиент сметаат дека платата што ја има Јамал не одговара на неговиот квалитет.
Младиот фудбалер на Барселона моментално заработува 32.000 евра неделно, што значи дека има годишна плата од 1,7 милиони евра.
За споредба, Френки де Јонг заработува 700.000 евра неделно или 36,4 милиони евра по сезона.
Јамал има договор до 2026 година, но се верува дека клубот му подготвил нов кој ќе важи до 2030 година.
Затоа Мендеш дал неколку услови на клубот да ја зголеми платата на Јамал, така што тој од година во година ќе заработува сè повеќе.
Се верува дека Барселона ќе излезе во пресрет на овие барања, иако треба да се има предвид дека постои ограничување на платите во Ла Лига.
Неколку ѕвезди се жалеле изминатите сезони дека останале без ветените пари, а имало и проблеми со нивната регистрација.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Герет Саутгејт ќе биде нов селектор на Полска?

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти

Интернационалци
Тихо Костадинов потпиша за Сигма Оломук

Прва лига
Пелистер се раздели со Срѓан Захариевски

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра
