
Тренерот на Динамо Загреб, Сергеј Јакировиќ, ќе остане на позицијата по синоќешниот пораз (2-0) од Балкани во второто коло од Конференциската лига. Така одлучи раководството на клубот, со тоа што најверојатно цехот ќе го плати Дарио Шимиќ, кој е одговорен за спортскиот дел.
„ГНК Динамо сака да ја изрази својата максимална поддршка до тренерот Сергеј Јакировиќ и неговите помошници. Клубот стои зад нив со целосна доверба и верба дека ќе го вратат тимот на победнички патеки. Свесни сме дека ситуацијата не е добра. Време е сите да покажеме дека Динамо е најсилен кога е најтешко!“, објави Динамо Загреб.
Јакировиќ синоќа на прес-конференцијата најави дека ќе размисли и наутро ќе одлучи дали ќе остане во Динамо. Тој збесна по поразот и јавно ги прозва играчите за она што го покажале или не го прикажале на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина.
„Кога ќе отспијам ќе донесам одлука бидејќи чувствувам дека и јас сум одговорен за ова. Најлошо е кога ќе кажеш дека некој те буши, но кога ќе излезеш на терен, тогаш треба да се запрашаш зошто ова се случува. Ова е најтешкиот пораз за мене. Ова за мене е незамисливо. Им се извинувам на сите навивачи на Динамо кои не го заслужуваат ова. Јас ја сносам одговорноста, но и играчите треба во длабочината на душата да се запрашаат што прават, бидејќи клуб како Динамо не го заслужува ова“, изјави Јакировиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Интернационалци
Нови Пазар го претстави Јован Манев како ново засилување

Евро-фудбал
Астон Вила заинтересирана за Николас Џексон

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава
