Connect with us

Ја внесе Борусија Дортмунд во полуфиналето на ЛШ и доби доверба за уште една сезона

Во Дортмунд, пред своите фантастични навивачи, Борусија славеше против Атлетико со 4-2 во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите и за првпат по 2013 година се најде во полуфиналето на елитното европско натпреварување.


Во 2013 година Борусија играше во финалето на Лигата на шампионите на „Вембли“ против Баерн, а не е исклучено и 11 години подоцна да го гледаме германското финале.
Борусија Дортмунд своето ново финале ќе го бара против ПСЖ.

Во Германија на „милионерите“ им оди многу полошо. Имаа многу лоши резултати, особено на почетокот на сезоната, а во еден момент се чинеше дека Един Терзиќ ќе добие отказ. Сепак, клубот го задржа токму поради добрите резултати и сега се свесни дека тоа беше вистинскиот потег.

Иако во моментот се петтопласирани на табелата во Бундес – лигата, на позиција која не носи пласман во Лигата на шампионите, раководството на Борусија веќе донесе одлука, без разлика на сѐ, да го задржи Терзиќ на клупата и следната сезона.

Борусија би можела да ја освои пласман во Лигата на шампионите и како петтопласирана во Германија, поради промената на форматот на натпреварувањето, бидејќи дополнително место ќе добијат двете најдобри од петте лиги со најдобар коефициент.

Инаку, „милионерите“ веќе собраа над 100 милиони евра приход од Лигата на шампионите, а најдоброто допрва доаѓа, мечот со ПСЖ во полуфиналето. Ќе има пари од ТВ преноси, билети, а има сериозни надежи и за потенцијално финале.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови