Каталонскиот гигант Барселона вечерва на полноќ треба да има нов претседател. По заминувањето на Жозеп Мариа Бартомеу и вакуумот што се појави со пролонгирањето на терминот поради пандемијата на коронавирусот, денеска конечно се одржуваат избори за ново раководство во Барселона.
Тројцата кандидати со свои програми и ветувања најавија многу подобри времиња за Барселона која во моментот е заглавена во големи долгови и финансиска криза, скандали кои често излегуваат од „Камп Ноу“ во јавноста. Главното прашање е и дали најголемата ѕвезда Лионел Меси ќе остане во клубот и следната сезона.
Хоан Лапорта, Виктор Фонт и Тони Фреиш ја трчаат изборната трка за претседател на Барселона, а се чини дека главен фаворит е Лапорта, кој во минатото со успех го водеше клубот.
„Дојдов јас на „Камп Ноу“ и веднаш огреа сонце. Утрото беше студено и тмурно“, се пошегува Хоан Лапорта на чинот на гласањето.
Тој најави и дека доколку победи вечерва, веднаш на полноќ ќе му се јави на таткото на Лионел Меси, кој е негов агент, за да се договорат околу потпис на нов долгорочен договор со клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













