Македонскиот прволигаш Академија Пандев има нов ко-сопственици. Новите партнери на Горан Пандев се раководните луѓе на аматерскиот фудбалски клуб од Милано, Брера. Тоа е третиот клуб во Милано, покрај гигантите Милан и Интер.
Челниците на овој клуб одреден период ги „скенираа“ работите во Академија Пандев и одлучија да влезат во партнерски однос со Горан Пандев. Тоа предмалку и официјално е потврдено од клубот, иако засега нема детали околу односот на сопствеништвото.
„Нови почетоци за нови успеси! Да се биде најдобар, меѓу другото, подразбира и да се биде иновативен, отворен за соработки и подготвен да му се спротивставиш на конвенционалното.
На огромно задоволство би сакале да ви го најавиме нашето ново големо партнерство со италијанскиот фудбалски клуб Брера од Милано – почеток на една нова ера во фудбалот преку иновативен и современ пристап кон фудбалското работење и една сосема поинаква и возбудлива приказна!“, велат од Академија Пандев.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













