Connect with us

Италијанците дојдоа и го покорија „Вембли“, Англија ќе си почека за трофејот да дојде дома (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Италија го освои трофејот на Европското првенство, вторпат во историјата, и не дозволија Англија „да го врати дома“. По драматично изведување (3-2), покажувајќи карактер пред цел „Вембли“ преполно со англиски фанови, избраниците на Роберто Манчини успеаја да слават голем триумф.

Џанлуиџи Донарума одбрани два пенали, а Маркус Рашфорд го погоди дирекот. Неизвесноста беше присутна до самиот крај, откако во регуларниот тек мечот заврши 1-1.


Берарди и Кејн беа прецизни, а потоа Пикфорд го одбрани ударот на Белоти. Мегваер ја потврди предноста на Англичаните. Бонучи беше ладен како шприцер, а Рашфорд премногу се „силеше“ и на крај го погоди дирекот.
Бернардески прецизно ја отвори четвртата серија, а Џанлуиџи Донарума го одбрани ударот на Џејдон Санчо. Герет Саутејт ги внесе во 120 минути, како „специјалисти“ за пенали. Пикфорд го одбрани шутот на Жоргињо, но и Донарума повторно не дозволи да се тресе мрежата при шутот на Бакајо Сака.


Лук Шо во втората минута го отвори финалето со фантастичен гол. Зафати полуволеј по центаршутот на Керан Трипие и ја затресе мрежата на Донарума. И веднаш паднаа во вода маските, тактичките замисли на Роберто Манчини и на Герет Саутгејт.


Финалето беше отворено рано, калкулациите не добија шанса. Италија мораше веднаш да нападне, но им требаше време на „аѕурите“ да се вратат по шокот. Се реорганизираа, повлече Федерико Киеза, се закани и Лоренцо Инсиње, но Англија на полувреме замина со предност.

Италијанците тргнаа многу поофанзивно на почетокот на второто полувреме. Киеза шутираше од 12 метри, а Пикфорд спаси со неверојатна интервенција во 62.минута. Тоа беше најава и за израмнувањето.


Пет минути подоцна, Леонардо Бонучи ја врати Италија во живот. По корнерот од десната страна, шутираше Верати со глава, Пикфорд одбрани, а на одбиената топка најдобро се снајде Бонучи и ја внесе во голот.


Драмата продолжи и по продолженијата, а на крајот решаваа пеналите. Посреќни и попрецизни беа Италијанците.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови