
Тренерот на Фиорентина, Винченцо Италијано, тешко го прифати поразот од Вест Хем (1-2) во финалето на Конференциската лига. Така неговиот тим и оваа сезона остана без трофеј, иако играше уште едно финале – во Купот на Италија, каде загуби од Интер.
Тренерот смета дека тоа не е фер бидејќи неговиот тим се претстави добро на двата натпревари.
„Загубивме две финалиња каде игравме многу добро и тоа е штета. Навистина не мислев дека ќе заврши вака. Игравме, создадовме шанси, брзо израмнивме по пеналот кој можеше да нѐ уништи. Наместо тоа, реагиравме и можевме дури и да направиме пресврт преку Мандрагора. Потоа дојде тој рикошет на средината на теренот. Требаше да си дадеме повеќе простор. Тоа ќе ни овозможеше да одиме во продолженија каде што мислам дека ќе имавме предност. Тажен сум затоа што да загубите две финалиња е доста болно за момците“, изјави Италијано.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Владан Милојевиќ ќе седне на клупата на Србија?

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости

Млади репрезентации
Македонија У19 убедливо ја победи Црна Гора на гости во вториот тест
