
Репрезентацијата на Италија игра против селекцијата на Англија без ниту еден играч на Јувентус во својот состав, забележуваат медиумите на Апенините. Ова не се случило во овој век, а последен пат во 1994 година, Ариго Саки не му веруваше на ниту еден играч на гигантот од Торино во победата од 2-0 над Естонија повторно во европските квалификации.
Овој преседан во составот на европските шампиони дојде откако капитенот Леонардо Бонучи и Федерико Киеза отпаднаа за денешниот натпревар поради болки кои двајцата ги почувствуваа на последниот тимски тренинг.
Тие беа единствените двајца претставници на „старата дама“ на списокот од 30 играчи на селекторот Роберто Манчини за натпреварите против Англија и Малта. Овојпат тој игнорираше тројца играчи на „бјанконерите“ на кои им праќаше повици во минатото, Моисе Кин, Мануел Локатели и Матијас Перин.
Николо Фаџоли беше повикан во младинскиот тим на Италија, додека Фабио Мирети не влезе во ниту еден состав на Италија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
