
Италија ја доби епската битка против Шпанија, европскиот фудбалски класик, по супер-драматично изведување пенали (4-2) и се пласира во големото финале на завршниот фудбалски турнир на Стариот континент. Во регуларниот тек мечот заврши 1-1. Селекцијата на Роберто Манчини во финалето на „Вембли“ го очекува подобриот од утрешниот втор полуфинален меч меѓу Англија и Данска.
Мануел Локатели и Дани Олмо не реализираа во првата серија, Белоти и Морено погодија, исто како и Бонучи и Алкантара. Во четвртата серија, Бернардески погоди, а Алваро Мората не успеа, неговиот шут го одбрани Џанлуиџи Донарума. Жоргињо стави крај на епскиот дуел и ги одведе „аѕурите“ во финалето.
Италија прва дојде до радост. Во 60.минута, во периодот кога Шпанците имаа комплетна доминација, Федерико Киеза на фантастичен начин го заврши брзиот противнапад кој го отвори голманот Џанлуиџи Донарума. Со одличен удар го совлада Унаи Симон.

Луис Енрике внесе напаѓачка крв, а Алваро Мората кој беше оспоруван на ова Европско првенство, успеа да реализира во 80.минута, по асистенцијата на Дани Олмо, и ја врати Шпанија во живот. Битката траеше 120 минути, а потоа токму Мората, заедно со Дани Олмо, се претвори во трагичар, откако не реализира пенал.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
