Connect with us

Италија ќе натурализира уште еден напаѓач?

Селекторот на Италија, Роберто Манчини, сака да натурализира уште еден млад фудбалер за селекцијата на „аѕурите“ откако тоа претходно го направи со Матео Ретегуи. Многу брзо за Италија би можел да заигра и еден од најталентираните млади француски фудбалери, Рајан Черки.


Селекторот Роберто Манчини веќе имал состанок со фудбалерот и му најавил дека пред него е убава репрезентативна кариера доколку одлучи да го носи дресот на Италија.

19-годишниот фудбалер е роден во Лион, но има алжирско и италијанско потекло по своите баба и дедо.

Македонија е во група со Италија во квалификациите за ЕП 2024, првиот меч се игра во септемри во Скопје, а реваншот е закажан за ноември. Лани во март, Македонија сензационално славеше во Палермо со 0:1, со голот на Александар Трајковски, и ја елиминира Италија во баражот за пласман на Светското првенство во Катар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови