Connect with us

Италија и Аргентина ќе играат Суперкуп за националните селекции

УЕФА и КОНМЕБОЛ денеска потврдија дека ќе биде одигран официјален натпревар меѓу европскиот и јужноамериканскиот шампион во јуни, што на некој начин претставува еден вид светски Суперкуп за националните селекции.


Натпреварот меѓу Италија и Аргентина, кои станаа шампиони на нивните континенти пред неколку месеци, ќе се одигра во јуни 2022 година.

Треба да се потврди локацијата и стадионот, но веќе може да се претпостави дека тоа ќе биде вистински спектакл, а некои би рекле и неофицијален натпревар за светски шампион, со оглед дека најдобриот фудбал се игра во Јужна Америка и во Европа.

Организацијата на овој натпревар е дел од соработката меѓу УЕФА и КОНМЕБОЛ, која вклучува и женски фудбал, футсал, младински категории, размена на судии и друго.

Досега, договорени се три натпревари меѓу континенталните шампиони, откако завршија ЕП и Копа Америка.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови