Саудискиот гигант Ал-Хилал приреди сензација во САД, елиминирајќи го Манчестер Сити од Светското клупско првенство со спектакуларна победа од 4-3 по продолженија. По регуларните 90 минути резултатот беше 2-2, но Ал-Хилал издржа и покажа моќ во дополнителните 30 минути.
Ова е прва победа на азиски клуб над европски тим на официјално натпреварување организирано од ФИФА – историски момент за фудбалот во регионот.
Бернардо Силва во деветтата минута донесе водство за Сити, но на почетокот на вториот дел Ал-Хилал направи пресврт со головите на Маркос Леонардо и Малком во 46. и во 52. минута.
Ерлинг Халанд израмни во 55.минута на 2-2.
Мечот отиде во продолженија, а Кулибали повторно донесе предност во 94.минута. Фил Фоден израмни десет минути подоцна, а Маркос Леонардо во 112.минута го постигна победничкиот погодок.
Манчестер Сити влезе во турнирот како прв фаворит за титулата, особено поради тоа што се најде на полесната страна од ждрепката. Меѓутоа, по неочекуваното испаѓање на Интер, кој требаше да се соочи со Сити во четвртфиналето, патот за финале се отвори за другите.
Новиот четвртфинален дуел ќе биде меѓу Флуминенсе и Ал-Хилал, додека во големото финале ќе стигне еден од следниве четири клуба: Палмеирас, Челзи, Флуминенсе или Ал-Хилал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













