Connect with us

ИСТОРИЈА: Шкендија ги тресна од земја препотентните Романци среде Букурешт за ТРЕТО КОЛО ВО ЛШ (Видео)

Македонскиот првак Шкендија постигна историски резултат откако и вторпат го победи ФЦСБ (поранешна Стеауа) со 1-2 и се пласира во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Дури и да не стори ништо понатаму, Шкендија веќе има обезбедено групна фаза во Конференциската лига, а ќе се бори и за многу повеќе. Ќе заработи и околу 5 милиони евра, најмалку.

Голема, огромна победа оствари ФЦСБ, победувајќи ги уште еднаш препотентните Романци. Шлаканица доби и нивниот сопственик Џиџи Бекали, кој најавуваше триумф од три гола во Букурешт.

Шкендија контролираше најголем дел од мечот, покажа несомнен квалитет, а ако Бесарт Ибраими ги реализираше пропуштените шанси можеше да ја наполни до врв мрежата на ФЦСБ.

Романскиот тим поведе во 28.минута преку Јури Кисоти, но одговори Шкендија само пет минути подоцна со голот на Лиридон Љатифи. Тој одлично се снајде во петерецот на гостите, ја искористи мешаница и постигна гол за израмнување.

Во вториот дел, Бесарт Ибраими имаше убава шанса во 55.минута, а потоа и колосална можност во 80.минута, по проигрувањето од Зејнулаи, но шутираше над голот.

Сепак, тоа што не го стори капитенот, успеа да го направи Ване Крстевски. во 87.минута, со ударод 20 метри, тој успеа да го надмудри противничкиот голман, откако топката на патот кон голот удри и во еден дефанзивец.

Шкендија во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите ќе игра против Карабах од Азербејџан.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови