Connect with us

Иско пред трансфер во Милан

Фудбалерот за врска на Реал Мадрид, Иско Аларкон, ова лето најверојатно ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“. Тој е на трансфер – листата на „кралевите“ кои се обидуваатр да соберат доволно пари за трансферот на Килијан Мбапе кон крајот на август.

Рафаел Варан за 50 милиони евра замина во Манчестер Јунајтед, претходно и капитенот Серхио Рамос како слободен агент се пресели во ПСЖ, а Флорентино Перез очекува заминување на уште неколку фудбалери, меѓу нив и Иско.

Милан подолг период го посакува шпанскиот плејмејкер кој потсетува на Андреа Пирло и сака да го доведе на „Сан Сиро“. Се чини дека зделката би можела да се реализира за 30 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови