
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, го пофали својот тим по победата над Торино со 3-2, но истовремено истакна дека фудбалерите мора да бидат поконцентрирани во дефанзивната игра.
„По поразот во дербито против Милан, победивме на три последовни натпревари. Немам причина да го критикувам тимот. Заслужено победивме на сите три натпревари“, изјави Инзаги.
„Сепак, мораме да се подобриме во одредени аспекти, бидејќи секоја грешка скапо нѐ чини. Свесни сме дека треба да продолжиме да работиме со истиот дух“, додаде тренерот на „нероаѕурите“.
Маркус Тюрам постигна хет-трик и ја донесе победата на Интер против Торино, кој поголем дел од мечот играше со десетмина фудбалери, но играта во одбраната на шампионите повторно остави одредени прашања.
„Против Манчестер Сити и Црвена Звезда не примивме гол, иако имаше шанси пред нашиот гол. Против Торино и Удинезе противниците создадоа помалку шанси, но ни постигнаа погодоци. Ги плативме грешките“, додаде Инзаги.
Следниот натпревар на Интер е гостување кај Рома на 20. октомври.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
