Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, го смета за „непријатно“ испаѓањето од Купот на Италија по продолженијата против Болоња (1-2). Тој истакна и дека капитенот Лаутаро Мартинез има повреда, но сѐ уште не се знае колку е сериозна.
„Нероаѕурите“ го освојуваа овој трофеј во последните две години, но сега испаднаа на стартот и тоа на домашен терен.
„Разочарувачки е затоа што го освојувавме Купот две години по ред и особено што заслуживме да победиме по таков натпревар. За жал, ова е фудбал и нема простор за заслуги“, рече Инзаги.
„Нашиот единствен проблем беа последните 15 минути во продолженијата. Не сме навикнати да губиме водство и тоа беше особено фрустрирачко откако работевме толку добро повеќе од 90 минути. Момците сакаа да стигнат до четвртфиналето, но овојпат не успеавме“, истакна тренерот на Интер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













