
Италијанскиот вицешампион Интер претрпе изненадувачки пораз на домашен терен (0-1) од Емполи во натпревар од 19. коло на италијанската Серија А. Овој пораз нормално дека го разочара тренерот Симоне Инзаги.
„Тоа не беше нашата најдобра вечер, се сретнавме со рамноправен противник. Сакавме да останеме во игра и по црвениот картон, создававме шанси, но не можевме да постигнеме гол. Ова е пораз кој ќе го забави нашиот развој. Поразот боли најмногу поради нашите навивачи. Првиот дел од првенството го завршуваме со многу жалење, сакаме да бидеме подобри во вториот дел од сезоната“, изјави Инзаги за „DAZN“.
По поразот, Интер му го отстапи второто место на табелата на градскиот ривал Милан и заостанува дури 13 бода зад лидерот Наполи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
