Пандемијата на коронавирусот сериозно удри по Лацио. Тренерот Симоне Инзаги немаше на располагање најголем дел од првотимците за мечот против Клуб Бриж во Лигата на шампионите, а се чини дека ситуацијата е уште пострашна во пресрет на утрешниот натпревар со Торино во Серија А. Недостигаат десетина првотимци, а се чекаат тестовите за останатиот дел од составот.
Покрај фудбалерите и стручниот штаб, направени се ПЦР-тестови и за нивните семејства.
„Ова е како руски рулет, никогаш не знаеш на што си, кој ќе биде позитивен. Најголемиот број случаи се асимптоматски, фудбалерите немаат никакви симптоми, но едноставно тестот го отфрла од тимот и потоа маките се за тренерот. Не знам, навистина не знам со каков состав би играле против Торино“, изјави Симоне Инзаги.
Правилото на Серија А е тимот да го игра натпреварот се додека има 13 здрави фудбалери, без разлика дали се работи за сениорскиот тим, резервниот состав или пак регистрираните играчи од младинската школа.
Лацио утре од 15 часот треба да му гостува на Торино.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













