
Интер успеа да ја победи Рома на „Олимпико“ со 0-2 и се зацврсти на позициите кои водат во ЛШ. Тренерот Симоне Инзаги е среќен и вели дека конечно го има на располагање тимот што може да победува.
„Она што се промени е тоа што сега имам повеќе опции за ротација во нападот и средниот ред, што ги немав до јануари. Имаме некои проблеми со стоперите и со бековтеи, но сега имам многу повеќе избор. Тоа, за жал, го немавме до јануари и се одрази на нашите резултато“, објасни Инзаги.
Потоа истакна и дека е среќен што конечно го доби назад вистинскиот Марсело Брозовиќ.
„Практично го немав од почетокот на октомври до почетокот на јануари, истото важи и за Лукаку. Сите знаат колку ни се важни и сега конечно покажуваат што можат. Убеден сум дека ќе продолжат во ваков стил до крајот на сезоната“, одговори тренерот на „нероаѕурите“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тренерот на Болоња заврши во болница
