
Симоне Инзаги, кој е на чело на Интер, ласкаво говореше за својот колега Диего Симеоне, кој го предводи Атлетико Мадрид. Двата тима вечерва ќе се соочат во Милано во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.
„Многу е тешко да се работи во еден тим толку долго. Симеоне постигна одлични резултати со Атлетико Мадрид. Тоа е харизма, менталитет, но не е само тоа – играат добар фудбал, одлично напаѓаат и се бранат. Вечерва за противник ќе го имам Диего, тој беше одличен соиграч. Само погледнете што направи со Атлетико, тој е навистина одличен тренер“, изјави италијанскиот стратег.
Инзаги очекува исклучително тежок натпревар против Атлетико Мадрид.
„Задоволство е да се гледа Атлетико бидејќи игра многу, многу добар фудбал. Ќе биде многу тешко осминафинале кое ќе бара од нас да ја покажеме нашата најдобра игра. Се соочуваме со тим со голема вредност, тим со одлични квалитети. Ќе има одлична атмосфера и ќе биде многу убав натпревар. Ни треба вистинскиот Интер за да стигнеме до посакуваниот резултат“, изјави Симоне Инзаги, кој на сигурен начин ги води „нероаѕурите“ до првото место во Серија А.
Инзаги и Симеоне беа соиграчи во Лацио од 1999 до 2003 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
