Connect with us

Инзаги: Нема еуфорија, долг е патот до „скудетото“

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, не беше премногу еуфоричен по важната победа (1-0) против Јувентус во големото италијанско дерби. Тој вели дека е рано да се зборува за „скудетото“ бидејќи има време до крајот на сезоната во Серија А.


Инзаги ја оцени победата над Јувентус како заслужена. Успехот дојде со автоголот на Федерико Гати, но Интер пропушти уште неколку одлични шанси и можеше да победи со поубедлив резултат.


„Ја заслуживме оваа важна победа, тоа го посакуваше целиот тим. Ја контролиравме играта и среќни сме со она што го видовме на теренот. Се уште е рано да се зборува за „скудетото“, има долг пат до трофејот. Јувентус и Милан нема лесно да се предадат. Шчешни имаше неколку неверојатни одбрани, но видов дека мојот тим е фокусиран, дозволивме противникот да направи еден контранапад во текот на целиот натпревар. Момците завршија одлична работа, но мораме да продолжиме во истиот дух“, рече Инзаги.


Интер сега има четири бода предност пред Јувентус на врвот на табелата во Серија А.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови