
Tренерот на Интер, Симоне Инзаги, зборуваше по поразот на неговиот тим од Милан со 2-3 во финалето на Суперкупот на Италија, што го означи крајот на апсолутната доминација на „нероаѕурите“ во овој турнир од 2021 година наваму.
Инзаги ја честиташе победата на Милан, истакнувајќи го нивниот силен дух.
„Прво, честитки за Милан, тие не се откажаа до самиот крај. При резултат 2-0, требаше да го контролираме натпреварот подобро. Потоа, при 2:1, имавме многу шанси, но Мењан беше одличен“, изјави Инзаги.
Тој исто така ја потенцираше улогата на уморот кај неговите играчи.
„Ова е болен пораз. Но, нашиот тим секогаш се враќал по вакви моменти. Поразите болат и оставаат трага. Имавме неколку повредени фудбалери, а одигравме шест натпревари во 18 дена.“
На крајот, Инѕаги ја анализираше играта и призна дека фудбалерите на Интер сами си ја усложнија ситуацијата.
„Не видов голем притисок од страна на Милан. Во првото полувреме можевме да одиграме многу подобро. Потоа, нивните замени направија разлика, додека ние требаше да се снајдеме подобро“, заклучи тој.
Ова дерби го запиша Милан како нов шампион на Суперкупот, со незаборавен пресврт кој дополнително ќе се памети како еден од најдраматичните дуели меѓу двата големи ривали.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ламин Јамал се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Тунис на доминантен начин стигна до СП 2026

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости
