
Симоне Инзаги не го криеше задоволството по историската победа на неговиот Ал-Хилал над европскиот гигант Манчестер Сити со 4-3 по продолженија во осминафиналето на Светското клупско првенство. Мечот во Орландо донесе вистински спектакл, а саудискиот претставник излезе како победник по 120 минути борба.
За Инзаги оваа победа носи и лична сатисфакција – мала одмазда за поразот што го доживеа со Интер во финалето на Лигата на шампионите во 2023 година токму од „граѓаните“ на Гвардиола.
„Клучот беше во играчите и срцето што го оставија на теренот. Знаевме колку се силни, па за нас ова беше како искачување на Монт Еверест без кислород. Но, успеавме. Гвардиола е најдобар тренер во светот, но ние го дадовме максимумот и победата ја заслуживме“, изјави емотивно Инзаги.
Ал-Хилал ќе се соочи со бразилскиот Флуминенсе во четвртфиналето, тимот кој го елиминираше поранешниот клуб на Инзаги, Интер.
Од друга страна, менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, со жалење зборуваше по неочекуваното испаѓање.
„Тешко е. Атмосферата во тимот беше фантастична. Играчите дадоа сè на тренинзите и во натпреварот. Сепак, бевме премногу отворени, а тие тоа го казнија. Турнирот се игра еднаш на четири години, а чувството беше дека сме во добра форма. Но, сега се враќаме дома. Време е за одмор и нови предизвици“, рече Шпанецот.
Гвардиола истакна дека Сити создал многу шанси, но Ал-Хилал бил опасен во транзиција и посебно го пофали голманот Јасин Бону за неговите интервенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
