Connect with us

Инзаги: Бенфика е одличен тим, а Интер е ослабен

Интер затаи во Серија А и сега „виси“ и за пласман во Лигата на шампионите, но вечерва Симоне Инзаги ќе биде фокусиран токму на мечот од четвртфиналето на ЛШ против Бенфика. Вели дека португалскиот тим е одличен оваа сезона, а дека тој има проблеми со повредите на дел од фудбалерите. Сепак, не го напушта оптимизмот.

„Кога ќе дојдете до четвртфиналето на ЛШ, нема тука веќе слаби тимови. Напротив, Бенфика е еден одличен тим, можев да се уверам во тоа изминатиот период додека се подготвувавме за овој двомеч. Имаат цврста одбрана, креативен среден ред и напаѓачи кои можат да ве уништат. И, да, во овој момент, тие се фаворити, затоа што ние сме ослабени. Ќе ни недостигаат Чалханоглу и Шкриниар, но затоа некои други момци кои се максимално подготвени ќе добијат шанса“, изјави тренерот на Интер.

„Нероаѕурите“ имаат само една победа на последните осум натпревари во сите натпреварувања.

„На дел од тие натпревари одигравме одлично, а не победивме. Вечерва нема да се лутам ако биде обратно. Да не одиграме перфектно, но да оствариме позитивен резултат“, дополни Инзаги.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови