Connect with us

Инцидент во Турција: Претседателот на Фенербахче нападнат и раскрвавен (Видео)

Фенербахче одигра 2-2 на гостувањето кај Гезтепе во второто коло од турското првенство. Тимот на Жозе Мурињо имаше два гола предност до полувремето, но домаќините успеаја да израмнат со гол во 95. минута и да извлечат бод.

Меѓутоа, натпреварот привлече внимание поради голем инцидент по завршувањето на мечот, откако претседателот на Фенербахче, Али Коч, беше нападнат.

Тој беше физички нападнат на теренот, додека од трибините беа фрлани разни предмети.

Напаѓачот, кој имал акредитација како службено лице, беше брзо пронајден и уапсен, а на Коч му беше укажана итна медицинска помош

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови