Струмичкиот второлигаш Беласица објави дека биле дочекани со ќотек на мечот против Локомотива Пехчево од 19.коло во Втората лига, кој е закажан за 14 часот на теренот на Фортуна во Синѓалиќ. Нападнати биле првиот тренер и тренерот на голманите.
Струмичани тврдат дека биле нападнати со тупаници, а имало закани дека ќе биде употребено и огнено оружје. Истовремено, воопшто и немало полициско обезбедување на стадионот.
„Скандал пред почетокот на натпреварот од Втората македонска лига помеѓу ФК Пехчево Скопје и ФК Беласица. Во гостинската соблекувална на игралиштето на Фортуна, со нула обезбедување од страна на полициска служба, нашиот тренер и тренерот на голмани беа физички нападнати со тупаници и шлаканици од засега неидентификувани лица, додека кон нашите фудбалери и стручен штаб беа упатени закани дека ќе биде искористено и огнено оружје!“, објави ФК Беласица.
Локомотива се бори за опстанок во Втората лига, додека Беласица се наоѓа на шестата позиција.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski