
Интер е подготвен да направи нов обид да го привлече напаѓачот на Порто, Мехди Тареми, пишува „Газета дело спорт“.
Како што е познато, во текот на летниот преоден рок, „нероаѕурите“ заедно со градскиот ривал Милан се обидуваа да го привлечат 31-годишниот напаѓач, но тој на крајот остана на „Драгао“.
Наместо тоа, Интер потпиша со Марко Арнаутовиќ и со Алексис Санчез, кои, сепак, досега не ја оправдаа довербата на клубот.
Тареми нема намера да го продолжи договорот со Порто, кој истекува на крајот од оваа сезона. Затоа, гигантот од Милано може да ја искористи оваа ситуација и да тргне во офанзива за иранскиот репрезентативец во јануари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул
