Интер ја оствари 18. победа во Серија А оваа сезона совладувајќи ја Парма со 1-2 на „Енио Тардини“. Тимот на Антонио Конте сега има шест бода предност во однос на градскиот ривал Милан на врвот на табелата.
Алексис Санчез во 54.минута го отвори резултатот откако топката едвај ја мина гол – линијата. Но, гол-технологијата покажа дека сепак Чилеанецот бил доволно добар за да донесе водство. Осум минути подоцна Алексис Санчез постигна уште еден погодок и сите очекуваа лесна завршница на мечот. Но, Хернани успеа да намали на 1-2 во 71.минута и ја врати неизвесноста до самиот крај. Сепак, „нероаѕурите“ успеаја да слават и да освојат три бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













