Connect with us

Интер се спаси од пораз, но веќе не е во пол-позиција за „скудетото“ (ВИДЕО)

Италијанскиот првак Интер ремизираше (1-1) на гости со Торино и си ги намали сериозно шансите за одбрана на шампионската титула. Сега „нероаѕурите“ имаат четири бода негатива во однос на лидерот Милан и само еден одигран меч помалку. Тимот на Симоне Инзаги нема да зависи само од своите резултати до крајот на првенството во Серија А.

Дефанзивецот Бремер во 12.минута го доведе Торино во водство, а Интер долго време немаше одговор. Конечно, во судиското продолжение погоди Алексис Санчез за израмнување, но тоа сигурно не беше првичната желба на гостите од овој меч.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови