Италијанскиот првак Интер сака да го засили нападот со уште едно ново име до крајот на летниот преоден рок. Искусниот Един Џеко е доведен како директна замена за Ромелу Лукаку, кој се пресели во Челси, но тренерот Симоне Инзаги сака на „Џузепе Меаца“ да го има и Хоакин Кореа, крилниот напаѓач на Лацио.
Инзаги одлично ги познава неговите квалитети од периодот кога беше на кормилото на „лацијалите“ и смета дека тој би бил одлична опција за навалната линија на Интер. Но, Лацио нема така лесно да го дозволи овој трансфер.
Раководството на римскиот клуб бара 35 милиони евра отштета за Хоакин Кореа, а Интер е подготвен да плати 25 милиони евра. Дали двата клуба ќе најдат на крајот заеднички интерес и ќе се договорат, ќе покажат последните денови од летниот трансфер прозорец.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













