Connect with us

Интер прифати 115 милиони евра, Лукаку се сели во Челси

Белгискиот фудбалер Ромелу Лукаку по две години ќе го напушти Интер и ќе се пресели во Челси, откако италијанскиот шампион ја прифати понудата вредна 115 милиони евра, пренесува „Кориере дело спорт“.

Една од најголемите трансфер саги ова лето е на пат да добие епилог, бидејќи Интер, и покрај притисокот од навивачите и колебливоста на раководството, одлучи да им даде приоритет на финансиите пред играчкиот кадар. Претстојната сезона ќе покаже дали тоа е вистинскиот избор.


Двете страни најдоа компромис, бидејќи Интер сакаше 120 милиони, а Челси беше подготвен да понуди 110 милиони евра, па се најдоа на средина.


Лукаку имаше извонредни две сезони на „Џузепе Меаци“, влезе под кожата на навивачите, а сега, во своите најдобри играчки години, му се нуди шанса да се докаже во дресот на Челси, каде што не беше на ниво во неговиот прв мандат, како млад фудбалер.


Белгискиот репрезентативец веќе се докажа во Премиер – лигата, играјќи за Евертон и за Манчестер Јунајтед, но раната од неговиот прв ангажман во Челси остана. Ќе има 15 милиони евра годишно како мотив да се докаже и да покаже дека сега е еден од најдобрите напаѓачи во светот, а ќе настапува за актуелниот европски првак.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови