Напаѓачите на Интер долго се мачеа да му дадат гол на Алесио Крањо, голманот на Калјари, изминатиот викенд. Тој бранеше фантастично, а со тоа само им потврди на раководните луѓе на Интер дека би бил вистинска аквизиција за голманската позиција, наследник на ветеранот Самир Хандановиќ.
Интер притиска со сите сили да го купи Крањо, кој е и италијански репрезентативец. Калјари бара 25 милиони евра за него, а „нероаѕурите“ се обидуваат да го испратат повторно Раџа Наинголан назад во Сардинија. Тоа би значело дека би дополниле 13 милиони евра и би го довеле одличниот Алесио Крањо веќе во јануари на „Џузепе Меаца“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













