Интер во следните натпревари ќе биде без својата голема ѕвезда Лаутаро Мартинез. Аргентинецот заработи повреда за време на натпреварот против Болоња од Купот на Италија.
„Лаутаро Мартинез утрово беше подложен на тестови во Клиничкиот институт „Хуманитас“. Напаѓачот на “нероаѕурите” има истегнување на бутниот мускул на левата нога. Неговата состојба ќе биде повторно проценета во наредните денови”, објави Интер.
Напаѓачот сигурно ќе го пропушти утрешниот натпревар на домашен терен против Лече, како и гостувањето кај Џенова на 29 декември. Се очекува тој да биде достапен за првиот натпревар на неговиот тим во 2024 година против Верона.
Лаутаро Мартинез има 17 гола од почетокот на сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













