
Раководството на италијанскиот првак Интер работи напорно да најде замена за бекот Ашраф Хакими, кој летово се пресели во ПСЖ, а по оддолжувањето на преговорите со Хектор Белерин од Арсенал, се појави ново име. Станува збор за 30-годишниот дански фудбалер од Удинезе, Јенс Стригер Ларсен, кој веќе четири години е во Серија А.
Овој фудбалер одлично ја познава италијанската лига што секако е голема предност за него, но Интер ќе има конкуренција во турскиот клуб Галатасарај, кој исто така сака да го купи Ларсен.
Удинезе за него бара отштета од 5 милиони евра што не претставува голема пречка ниту за Интер, ниту за Галатасарај.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
