
Лаутаро Мартинез и Интер се на добар пат за пронајдат заеднички јазик околку продолжување на тековниот договор, изјави агентот на голгетерот.
Аргентинскиот репрезентативец постојано се поврзува со преселба вон Серија А, а интерес досега покажаа Барселона, Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Арсенал и Тотенхем. Неговиот актуелен договор трае до јуни 2023 година и преговорите за продолжување траат со месеци.
“Сакам веднаш да објаснам дека Лаутаро е многу среќен во Италија и дека го сака италијанскиот фудбал. Веќе некое време преговараме со Интер за продолжување на договорот и јас сум навистина уверен, бидејќи сме на добар пат”, изјави агентот Алехандро Камано за “Радио Кис Кис”.
“Серија А е поважна и поинаква лига од она што беше пред неколку сезони. Лаутаро е многу среќен што како соиграчи ги има Един Џеко и Жоакин Кореа, кои предизвикуваат секакви проблеми на одбраната на ривалите“.
24-годишниот центарфор пристигна во редовите на “нераѕурите” во 2018 година од Расинг Клуб за сума од 25 милиони евра. Тој досега има постигнато 54 гола и придонесено со 20 асистенции во 140 натпревари за Интер, вклучувајќи пет гола на шест натпревари во Серија А во текот на тековната сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција
