Connect with us

Интер му нуди нов договор на Николо Барела

Играчот од средниот ред на Интер, Николо Барела, започна преговори со раководството за обновување на договорот. Актуелниот договор на 26-годишниот фудбалер е до летото 2026 година, но челниците на Интер се подготвени да го врзат на подолг период, открива „Калчомеркато“.


Барела е клучна фигура во тимот на Интер и клубот смета на него да биде лидер на долг рок. Токму поради тоа се подготвени да го наградат со нов договор и подобри финансиски параметри.

Играчот од средниот ред во моментов заработува 5 милиони евра по сезона, плус уште еден милион бонуси, но оваа сума сигурно ќе биде зголемена за значителен процент.

Барела пристигна во Интер од Калјари во 2019 година за речиси 44,5 милиони евра. Тој брзо покажа дека тоа е здрава инвестиција на клубот и сега двојно ја зголеми цената. Сепак, тој е цел на интерес на голем број европски гиганти, меѓу кои Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Арсенал, Челси и Тотенхем.

Во оваа фаза, сепак, Интер не размислува за евентуална негова продажба, па дури е подготвен да се раздели со некои од своите сегашни играчи за да обезбеди средства за новиот договор на Барела.

Откако дојде во Интер, играчот од средниот ред има 217 натпревари, 22 гола и 48 асистенции за „нероаѕурите“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови