Интер со раширени раце го пречека напаѓачот на Челси, Ромелу Лукаку, во текот на летото, но повредите го ограничија на само 249 минути на теренот во Серија А. 29-годишниот напаѓач се врати во редовите на „нероаѕурите“ со позајмица од 8 милиони фунти до крајот на сезоната.
Белгиецот се надеваше дека повторно ќе ја врати својата врвна форма за претстојното Светско првенство. Добро ја започна сезоната, постигнувајќи голови и асистенција во првите два меча, но потоа заработи повреда на крајот на август.
Според „Газета дело Спорт“, Интер верува дека презел огромен ризик со Лукаку, кој досега не ги врати средствата. „Нероаѕурите“ му исплаќаат плата од 8,5 милиони евра, а во Италија веднаш пресметаа дека тој го чини клубот 46.875 евра за минута.
Интер се уште верува во Лукаку и засега нема намера да го раскине договорот со Челси. Двете страни договорија нова едногодишна позајмица, но доколку физичката кондиција на Ромелу не се подобри, можеби на „Џузепе Меаца“ и ќе го преиспитаат ставот за откупување на договорот или нова позајмица.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













