
Шпанската фудбалска ѕвезда Серхио Рамос повторно ќе игра со Лео Меси. Овојпат во Интер Мајами. Тој ќе им се придружи на Меси, Бускетс, Жорди Алба, а се очекува да дојде и Андрес Иниеста.
Според каталонскиот весник „Спорт“, двете страни се многу блиску до договор и Серхио Рамос ќе потпише едногодишен договор со Интер Мајами.
Серхио Рамос летово ја форсираше опцијата да се врати „дома“ во Севилја, клубот во кој израсна, но Андалузијците решија дека не ги сакаат неговите услуги.
Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос последните две сезони ги мина во дресот на ПСЖ каде како слободен играч пристигна од Реал Мадрид. Тој пристигна во летото 2021 година, истата година кога Лионел Меси пристигна во Париз и тогаш двајцата лути ривали станаа соиграчи.
Дотогаш за многумина беше незамисливо да се видат Меси и Рамос во ист дрес, а сега, две години подоцна, повторно би можеле и во уште еден клуб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мектоминеј и Де Бруин донесоа триумф за Наполи

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго

Евро-фудбал
Нов минималец, но и нов триумф на ПСЖ (ВИДЕО)
