
Интер имаше турбулентна сезона во која успеа да направи успех на крајот. Завршија меѓу четирите најдобри екипи во Серија А, го освоија Купот на Италија, а сезоната да ја направат историска имаат можност на 10 јуни кога ќе се борат против Манчестер Сити за трофејот во Лигата на шампионите.
Пред тоа финале, раководните луѓе во клубот успеаја да решат голема работа бидејќи се договорија да го продолжат договорот со еден од најдобрите играчи во тимот.
Алесандро Бастони ќе потпише договор со Интер до 2028 година, според кој Италијанецот ќе добива 5 милиони евра нето по сезона, плус бонуси. Колку е силен овој договор во моментов во италијанскиот фудбал говори податокот дека Рафаел Леао зема иста плата во Милан.
Фудбалерот кој пристигна во Интер на 18 години одигра 44 натпревари оваа сезона во сите натпреварувања. Тој не се запиша во листата на стрелците, но имаше шест асистенции, а секако негова примарна работа е да го штити голот. Бастони е дел од триото стопери во формацијата на Симоне Инзаги.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
