Connect with us

Интер ја потопи Аталанта во Бергамо (ВИДЕО)

Интер славеше со 2-3 на гости против Аталанта и стигна до десеттата победа оваа сезона. Интересно е дека и по 15 кола, Интер нема ниедно реми во Серија А. „Нероаѕурите“ сега имаат 30 бода и се наоѓаат на четвртата позиција. Идентичен број бодови имаат и Милан и Лацио.


Адемола Лукман во 25.минута донесе предност за Аталанта од пенал, но Един Џеко израмни со голот во 36.минута. Потоа тој во 56.минута се погрижи и за пресврт, а Паломино си постигна автогол во 62.минута.


Хозе Паломино во 77.минута постигна гол и во мрежата на Интер за 2:3, но Аталанта немаше сили за израмнување.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови