Connect with us

Интер ја освои Фиренца и се врати на врвот во Серија А (ВИДЕО)

Интер оствари минимален триумф (0-1) на гости против Фиорентина и повторно се врати на врвот во Серија А со 54 бода, еден повеќе од Јувентус, кој има одиграно и еден натпревар повеќе од „нероаѕурите“.

Лаутаро Мартинез беше стрелец на победничкиот гол за Интер во 14.минута од дуелот. Тој одлично реагираше по корнерот од левата страна и со удар со глава ја затресе противничката мрежа.

Во 76.минута, Фиорентина имаше колосална шанса за израмнување, но Нико Гонзалес не успеа да реализира пенал. Зомер го одбрани неговиот удар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови