Интер и Јувентус се заинтересирани за дефанзивецот на Лил, Тијаго Џало, пренесуваат италијанските медиуми. 23-годишниот фудбалер има договор со францускиот клуб до крајот на сезоната.
„Нероаѕурите“ претпочитаат да чекаат да му истече договорот и да го земат бесплатно на лето. Во исто време, францускиот клуб не сака да загуби еден од своите најдобри играчи бесплатно и е подготвен да го продаде оваа зима за сума од околу 5 милиони евра.
И Јувентус ја следи ситуацијата со дефанзивецот и е подготвен да интервенира во битката за неговиот потпис. „Бјанконерите“ сѐ уште не стапиле во разговори ниту со претставниците на играчот, ниту со неговиот сегашен клуб.
Тијаго Џало е дел од Лил од летото 2019 година. Потоа беше привлечен од академијата на Милан.
Во моментов се смета дека Интер е фаворит за потписот на Португалецот, а желба на фудбалерот е да премине на „Џузепе Меаца“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













