
Интер и Аталанта ремизираа 2-2 на „Џузепе Меаца“ во дерби натпреварот од Серија А. Лаутаро Мартинез во петтата минута со фантастичен волеј – удар го доведе Интер во водство, но одговори Руслан Малиновски со мајсторски шут од далечина за 1-1. Толои осум минути подоцна направи целосен пресврт, откако Хандановиќ ја одби топката по шутот на Малиновски.
Симоне Инзаги направи неколку замени, Интер почна да игра многу подобро, а израмнувањето дојде преку Един Џеко. Во 85.минута беше досуден пенал за Интер, а Федерико Димарко ја погоди гредата.
Четири минути подоцна Пиколи постигна гол за Аталанта, но по прегледување на ВАР – снимката не беше признат затоа што топката претходно излегла во корнер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
