Интер го доби дербито против Јувентус на „Џузепе Меаца“ со 2-0 и се израмни со градскиот ривал Милан на врвот на табелата во Серија А со по 40 освоени бода. „Росонерите“ имаат одиграно меч помалку, утре ги очекува дуел против Калјари.
„Нероаѕурите“ комплетно го надиграа актуелниот првак. Првиот удар на „старата дама“ и го зададе поранешниот член Артуро Видал. Чилеанецот одлично реагираше со глава на нафрлувањето на Николо Барела и ја испрати топката зад грбот на Шчешни.
Јувентус немаше реакција ниту по примениот гол. Лаутаро Мартинез имаше колосална шанса за 2-0, откако претходно Шчешни го одбрани шутот на Ромелу Лукаку.
Интер дојде во втор гол во 52.минута. Бастони испрати длабинска топка за Барела, а тој маестрално ја заврши акцијата со силен удар во горниот десен агол.
Федерико Киеза во 87.минута можеше да ја врати надежта за Јувентус, но Самир Хандановиќ имаше одлична реакција на голот на Интер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













