Connect with us

Интер го надигра Удинезе (ВИДЕО)

Интер ја оствари 15. победа оваа сезона во Серија А откако на „Џузепе Меаца“ го совлада Удинезе со 3-1. Сега „нероаѕурите“ имаат 15 бода негатива во однос на лидерот Наполи и се наоѓаат на втората позиција.

Ромелу Лукаку од пенал донесе водство за домаќинот во 20.минута, но Санди Ловриќ израмни пред полувремето, во 43.минута.

Во вториот дел, Хенрик Мхитарјан постигна втор погодок за Интер во 73.минута, а Лаутаро Мартинез го постави конечниот резултат во 89.минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови