Лидерот во Серија А, тимот на Интер, е блиску до потпис на договор со бразилскиот репрезентативен голман Бенто. Сепак, во наредниот период ќе треба да постигне конечен договор со неговиот клуб Атлетико Параненсе.
„Нероаѕурите“ го следат 24-годишниот голман од летото 2023 година, кога договорот не се оствари и Интер се засили со Јан Сомер.
Договорот на Бенто со Атлетико Параненсе има важност до декември 2026 година, но тој е подготвен да го направи следниот чекор во кариерата и да ја напушти татковината за да се пресели во Европа.
Бенто веќе некое време е на радарот на Интер, директорот Дарио Бачин лично го посети во Бразил, а голманот е желен да го направи следниот чекор во кариерата и да се пресели во Италија.
„Тутоспорт“ истакнува дека проблемот е што Атлетико Паранаенсе има поставено отштетна клаузула од 60 милиони евра и бара најмалку 15 милиони евра за да го продаде ова лето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













